Во Босна и Херцеговина граѓаните гласаат на осми општи избори на 2 октомври. Од отворањето на избирачките места граѓаните излегоа да гласаат за новите членови на Претседателството на БиХ, ентитетските и државните парламенти, како и за кантоналните собранија во ентитетот на Федерацијата БиХ. Очекуваат подобар живот и грижа за младите.
Избори во Босна и Херцеговина

13
„Мислам дека сега се ќе биде во ред и кој и да биде изберан, народот ќе победи. Политичарите треба да си ја работат работата за која се избрани“, се зборовите на Зоран Ѓекиќ од Добој, на денот на гласањето.

14
Поголем број гласачи на едно од избирачките места во Братунац, на истокот на Босна и Херцеговина.

15
„Се надевам на најдоброто и верувам дека овие избори се клучни за опстанокот не само на младите, туку и за иднината што се однесува до Ливно“, вели Мирјана Милоложа од Ливно, од своето гласачко место.