Покрај автопатот Митровица-Рашка, на северот на Косово, ситуацијата е мирна. Но, на овој дел од територијата може да се забележи зголемено присуство на војници на мисијата на НАТО на Косово.
Зголемено присуство на НАТО на северот на Косово
Покрај автопатот Митровица-Рашка, на северот на Косово, ситуацијата е мирна. Но, на овој дел од територијата може да се забележи зголемено присуство на војници на мисијата на НАТО на Косово.

1
Во околината на Лепосавиќ, општина на северот на Косово, населена со мнозинско српско население, е забележано зголемено присуство на американски војници на КФОР, кои служат на Косово. Ситуацијата на ова подрачје на Косово е мирна.

2
На северот на Косово, на 31 јули и 1 август, дојде до зголемување на тензиите, бидејќи локалните Срби подигнаа барикади за да се спротивстават на две одлуки на Владата на Косово, за регистарски таблички и документи.

3
Мисијата на НАТО на Косово, КФОР, постојано повторува дека е подготвена да интервенира доколку се загрози стабилноста на северот на Косово.

4
Американски припадници на КФОР во Јариње, северно Косово. Патиштата кои водат до граничниот премин Јариње, кој ги поврзува Косово и Србија, беа блокирани со барикади на 31 јули и 1 август. Сепак, тие беа отстранети попладнето на 1 август.