Многу христијани го прославија Велигден на 14-17 април оваа година, а празникот ќе го одбележат и православните христијани в недела. Овие фотографии доловуваат како се празнуваше Велигден во Украина разурната од војна, како и во соседните земји кои примија милиони украински бегалци.
Велигденски прослави во Украина, Полска, Унгарија и Романија

13
Жени облечени во народна носија се полеваат со вода во Нирегихаза на 18 април. Според старата централноевропска традиција, во понеделник на Велигден, младите мажи истураат вода врз младите жени, кои во замена им подаруваат на момчињата бојадисани јајца.

14
Велигденски јајца украсуваат дрво во Велигденскиот парк во Хајдушобосло, Унгарија, на 12 април. Паркот го украсија уметници, професори од уметнички училишта и ученици.

15
Една жена се моли за време на богослужбата на Велики четврток во катедралата Свети Јосиф во Букурешт, Романија, на 14 април.