„Русија на Владимир Путин има корист од тоа што Западен Балкан останува нестабилен и под влијание на Москва“, вели Валери Пери, американска експертка за Западен Балкан во интервјуто за РСЕ.
Од шесте земји од Западен Балкан, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се членки на НАТО; Косово и Босна и Херцеговина се стремат кон членство, додека Србија, иако официјално e воено неутрална, е дел од програмата на НАТО „Партнерство за мир“.