Зошто традиционалните фурни за леб се уништуваат во Узбекистан?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Од почетокот на есента, главниот град на Узбекистан, Ташкент, редовно се рангира меѓу градовите со најзагаден воздух. Откако претседателот Шавкат Мирзијоев формираше посебна комисија, службениците спроведуваа рации против загадувањето во локалните бизниси. Но, јавното негодување избувна откако се појави видео од уништување на традиционални фурни за леб пред мали ресторани.