Трета ноќ инциденти на протестите во Србија
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Инциденти ја одбележаа третата ноќ по ред антивладини протести во Србија. Судири меѓу поддржувачите на владејачката Српска напредна партија и демонстрантите избувнаа во Белград. Полицијата интервенираше на неколку локации во главниот град и испука солзавец за да ја растера толпата. Три локални канцеларии на Српската напредна партија беа демолирани во Нови Сад. Протести имаше и во околу триесет други градови.