Под надзор и забранет - мистериозниот мост во Астана

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Новоизградениот мост што се протега преку реката Есил во казахстанскиот главен град Астана предизвика љубопитност и загриженост. Работи под силен полициски надзор и наводно е дел од ВИП коридор што го поврзува работното место на казахстанскиот претседател со неодамна изграден комплекс на периферијата на градот. Не се објавени никакви официјални информации за изградбата, цената или намената на мостот.