Нов масивен руски напад врз Киев, неколкумина загинати

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Најмалку девет лица загинаа, а неколку се повредени во масовен руски ракетен и беспилотен напад во текот на ноќта врз регионите Киев и Черниговски. Министерот за внатрешни работи Ихор Клименко рече дека биле погодени станбени области, болници и спортски објекти. Најмалку шест од загинатите се во висококатница во главниот град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додавајќи дека 19 други се повредени во градот.