Најголемата забава: Прослави на Денот на победата низ светот во 1945 година

Жени облечени во фустани со знамињата на САД, Франција, Велика Британија и Советскиот Сојуз за време на прославите во центарот на Париз.

Британки танцуваат со американски војници во Лондон на 8 мај, ден откако нацистичка Германија им се предаде на сојузниците.

Млади Американци прославуваат во Балтимор, Мериленд.

Спонтан марш по улиците на Париз за прослава на победата.

Толпа се собира да слави победа под репликата на Статуата на слободата на Тајмс Сквер.

Жена свири гитара и пее во центарот на Москва на прославата за победата над фашизмот.

Толпа млади фрлаат во воздух британски наредник во Москва на прославата на победата над фашизмот.

Лондончани, меѓу кои и човек со мустаќи како Хитлер, слават во паб во Лондон.

Група официри и цивили гледа од врвот на Триумфалната капија во Париз додека се собира толпата за прослава.

Премиерот Винстон Черчил и британското кралско семејство ја поздравуваат толпата собрана пред Бакингемската палата. Таа вечер, идната кралица Елизабета II (лево) и принцезата Маргарет (десно) се придружија на толпата која се забавуваше на прославата на победата. Елизабета го опиша искуството како „една од најнезаборавните ноќи во мојот живот“.

Ранетиот наредник на американската армија Артур Мур во Њујорк.

Пикап возило преполно со луѓе на прославата на победата во Лондон.

Толпа народ прославува пред амбасадите на Британија и САД во Лисабон, Португалија.

Младите војници маршираат низ Лондон. На забавата беа почнати многу трајни врски кои завршија со брак. Тинејџерката Сузан Нили славеше во Белфаст кога едно 16-годишно момче - Берти „дојде, ме грабна и ме бакна“. Тие двајца подоцна се венчаа и добија син и ќерка. Тие останаа заедно до смртта на Берти во 2012 година.

Белоруси слават победа во центарот на Минск. Повеќе од една четвртина од целото население на белоруската С.С.Р. биле убиени за време на Втората светска војна.

Толпа луѓе се собираат на лондонскиот Пикадили циркус каде беше славена победата над фашизмот.

Бурна прослава имаше на Црвениот плоштад во Москва. Сведок се сеќава „сите се забавуваа, некои со солзи во очите... Во американската амбасада видовме дипломати и вработени како фрлаат чоколади, слатки и играчки од балконот“.

Норвежани го слават ослободувањето во Троденхајм, откако поминаа 5-годишна окупација од нацистичка Германија.

Знамиња на Унион Џек беа закачени на улиците на Ерусалим на 9 мај 1945 година. Израел беше основан како држава веднаш по завршувањето на Втората светска војна.

Британци слават низ улиците на Лондон качени на автомобил.

Црвениот плоштад во Москва, преполн со луѓе за време на огномет над Кремљ. Еден човек кој беше таму подоцна изјави за руските медиуми: „Странци се бакнуваа. Не се сеќавам на такво единство на луѓе како што беше на 9 мај 1945 година; сите бевме едно исто -- Руси, Татари, Узбеци и Грузијци -- сите бевме обединети како никогаш досега“.

Лондончани спијат на улица по големата прослава за победата. Иако војната во Европа беше завршена, Втората светска војна не беше завршена. Борбата против Јапонија продолжи до септември 1945 година.