Ексклузивно: Нови снимки од масакрот во Буча откриваат како Русите убивале цивили на улицата Јаблунска
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во март 2022 година, кога руските сили влегоа во украинскиот град Буча, десетици цивили беа убиени во тридневното насилство концентрирано на улицата Јаблунска. Руските власти подоцна тврдеа дека снимките од масакрот биле исценирани. Но, приказните на преживеаните сугерираат дека многу цивили не биле само фатени во вкрстен оган, туку биле намерна цел. Во новата истрага, украинскиот сервис на РСЕ користеше видеа од надзор, снимки од беспилотни летала и воени записи за да состави целосна слика за најкрвавите денови на улицата Јаблунска и да идентификува некои од одговорните офицери.