Жена на возраст од 79 години од Штип била држена без волја, а потоа убиена и закопана од страна на осомничениот 74-годишен штипјанец.
Случајот го откри Министерството за внатрешни работи карактеризирајќи го како „свирепо убиство“ во соопштение во кое посочува дека е поднесена пријава против осомничениот за кривичните дела убиство и противправно лишување од слобода.
„Тој се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот“, соопшти МВР.
Видете и ова: Системот ги турка жртвите во рацете на насилникотСестрата на убиената жена на 24 октомври пријавила во полиција дека нејзината сестра се оддалечила од домот. Откако полицијата добила сомнежи дека таа можеби била држена во домот на осомничениот, на 10 ноември извршила претрес кога првично било пронајдени предмети и траги од крв.
Тогаш осомничениот бил приведен и задржан во 96-часовен притвор каде признал што направил.
„По изработените вештачења и дополнителни мерки, во повторен разговор со полицијата осомничениот детално го појаснил начинот на кој, според МВР, го извршил делото. Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција“, велат од МВР.
На осомничениот штипјанец му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Во Северна Македонија бројот на жртви на убиства во 2024 година изнесувал 21 еден повеќе од 2023, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на жени жртви на убиства бил две лани, а четири во 2023-та.