Владејачката ВМРО-ДПМНЕ води во 19 од вкупно 33 општини во кои денеска (2 ноември) се одржува втор круг од локалните избори, покажуваат податоците од Државната изборна комисија на 85,07% од обработените избирачки места.
Меѓу местата каде води партијата е главниот град Скопје, но и во Кичево и Кочани, како и скопските општини Карпош и Аеродром.
Коалицискиот партнер во власта, ВРЕДИ (ВЛЕН), пак, е во водство во пет општини: Боговиње, Брвеница, Дебар, Долнени и Тетово.
Кандидати на опозицискиот СДСМ се во предност во скопски Центар, како и во Крушево, Зрновци и Македонска Каменица.
Видете и ова: Изборно финале за градоначалници, најмногу „дуели“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМВо водство во по една општина се и ЗНАМ – во Куманово и Унијата на Роми во Шуто Оризари.
Во вториот круг се бираа градоначалници во 33 општини.
Во првиот круг на 19 октомври се избраа нови состави на општините, како и градоначалници во 44 општини.
Во првиот круг на 19 октомври беа избрани градоначалници во 44 општини. Од нив, најмногу освои владејачката ВМРО-ДПМНЕ – 33. Владиниот коалициски партнер ВРЕДИ тогаш освои пет градоначалнички места, а по три освоија опозициските СДСМ и коалицијата НАИ, којашто е предводена од ДУИ.
Во четири општини – Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа изборите за градоначалник пропаднаа и ќе се распишат нови бидејќи не беше постигнат цензусот за одзив од најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.