Одзивот на гласачи до 11:00 часот изнесува 10,10 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на прес-конференцијата во 11:30 часот.
Излезноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти, а податоци се добиени од 611 избирачки места или 89,20 проценти.
Видете и ова: Избори за градоначалник на град Скопје и на 32 општиниНа вториот круг избори за градоначалници во 32 општини и град Скопје, најмала излезност има во општината Сарај - 1,86 отсто, а најголема излезност е регистрирана во општината Пробиштип, каде што гласале 22 отсто од избирачите.
Портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Радица Тодорвска истакна дека гласањето се одвива непречено без поголеми проблеми, освен оној помал технички проблем во Дојран со УБИК апаратот, но проблемот е надминат и гласањето е продолжено на стариот начин на гласање со УВ ламба и спреј.