Литванската премиерка Инга Ругиниен изјави дека нејзината земја ќе почне да ги соборува „балоните за криумчарење“ што ја преминуваат државната граница со Белорусија и постојано го нарушуваат воздушниот сообраќај во оваа балтичка земја.
Минатата недела, Литванија, членка на НАТО, четири пати го затвори аеродромот во Вилнус, откако такви балони влегоа во нејзиниот воздушен простор и секој пат привремено ги затвораше граничните премини со Белорусија како одговор на тие инциденти, потсетува Ројтерс.
Литванија изјави дека балоните биле испратени од шверцери кои ги користат за транспорт на цигари, но исто така го обвини белорускиот лидер Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, што не ја прекинал таквата практика.
Видете и ова: Литванија ќе го надмине прагот од 5 отсто за трошоци за одбранаРугиниен ги нарече инцидентите „хибридни напади“ и објави дека граничните премини со Белорусија ќе бидат затворени за сите, освен за дипломати и граѓани на членките на Европската Унија што ја напуштаат соседната земја.
„Денес решивме да преземеме најстроги мерки, нема друг начин“, рече литванската премиерка на прес-конференцијата, додавајќи дека нејзината влада би можела да разговара и за повикување на Член 4 од НАТО, кој им овозможува на членките да побараат консултации за безбедносни прашања.