Одзивот на гласачи до 17 часот изнесува 39,61 процент соопшти Државната изборна комисија (ДИК) на попладневната прес-конференција. Податоците се добиени од 3221 избирачки места каде што гласале 1.699 296 гласачи од запишаните во избирачкиот список.
Од ДИК велат дека изборниот процес се одвива непречено и без проблеми. До овој момент нема пристигнато приговори за евентуални неправилности.
Најголема излезност е регистрирана во општините Вевчани- 61,84, Дебарца- 53,41, Демир Капија- 57,65, Дојран-60, 91 отсто.
Видете и ова: Мирен изборен ден, граѓаните очекуваат чисти општини и вредни градоначалнициНајмал оздив има во општините Шуто Оризари- 30,38, Радовиш-31,57, Маврово Ростуше- 32,87, Врапчиште- 20, 94 проценти.
Од скопските општини најголема излезност е регистрирана во Сарај- 47,94 отсто , а најмала во Шуто Оризари-30,38 проценти.
Во споредба со локалните избори пред 4 години, одзивот на гласачи до 17 часот е помал. Во 2021 година до 17 часот имало излезност од 41,38 отсто.