Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. Досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Сепак тој додаде дека во Прилеп од слобода биле лишени две лица поради „поткуп при избори и гласање“.
Во 09:00 часот на улица „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, во врска со кривично дело „поткуп при избори и гласање“, ги лишија од слобода Б.Х.(72) и Д.С.(36), двајцата од Крушево. Во врска со истиот настан, во Полициската станица Прилеп повикани се С.А.(28), М.А.(31), Ш.А.(40), Д.А.(22) и Џ.А.(36) од Крушево, со престој во Прилеп. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Видете и ова: Осми локални избори во Северна Македонија - излезноста до 13 часот е 20,12 отстоРегистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонски броеви 192 или 112.