Гласањето почна во 7 часот, ДИК сукцесивно ќе објавува резултати

Гласање

Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на Македонија. Од Државната изборна комисија (ДИК) потврдија дека избирачките места се отворени.

Државната изборна комисија првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Општинските изборни комисии првичните резултати од изборите треба ги објават во рок од 7 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и се истакнуваат на огласна табла во општината и се соопштуваат на јавните гласила.

Видете и ова: Осми локални избори во Северна Македонија - излезноста до 13 часот е 20,12 отсто

Изборната комисија на Град Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од општинските изборни комисии за Градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во Градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.

ДИК конечните резултати од изборите ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност. Конечните резултати од изборите, ДИК ги објавува за секоја општина поодделно.