Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун присуствуваше на голема воена парада на која пред меѓународни претставници ја претстави новата интерконтинентална балистичка ракета - извести државната новинска агенција KCNA во саботата (11 октомври).
Парадата, која започна доцна во петокот, ја одбележа 80-годишнината од основањето на владејачката Работничка партија и следеше по прославата што се одржа во четвртокот.
Кинескиот премиер Ли Ќијанг, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, како и лидерот на Комунистичката партија на Виетнам, То Лам беа забележани заедно со Ким на парадата.
На воената парада, Северна Кореја, која поседува нуклеарно оружје, ја претстави својата најнапредна интерконтинентална балистичка ракета Hwasong-20, која KCNA ја опиша како „најмоќниот нуклеарен стратешки систем на вооружување“.
Видете и ова: Британски тинк-тенк: протечени документи покажуваат дека Русија ѝ помага на Кина да се подготви за заземање на ТајванСеријата интерконтинентални балистички ракети Hwasong ѝ овозможи на Северна Кореја да може да цели каде било на копното на САД, но и понатаму постојат прашања околу софистицираноста на нејзиниот систем за наведување и способноста на боевата глава што ја носи да издржи повторен влез во атмосферата.
„Треба да очекуваме дека системот ќе биде тестиран пред крајот на годинава,“ изјави за Ројтерс, Анкит Панда од американската фондација Карнеги за меѓународен мир.
„Останатото оружје што беше изложено вклучуваше хиперсонични балистички ракети, крстаречки ракети, нов тип повецевцев ракетен фрлач и лансер за самоубиствени дронови“, изјави Хонг Мин, севернокорејски аналитичар од Корејскиот институт за национално обединување.
Ким претходно во петокот разговарал со Медведев, кој изјавил дека жртвата на севернокорејските војници што се борат за Русија во нејзината воена кампања во Украина ја докажува довербата во односите меѓу двете земји.
Видете и ова: Медведев: Ќе се бориме против секоја држава што ќе ни ги одземе средстватаКим му рекол на Медведев дека се надева на продолжување на зајакнувањето на соработката со Русија и на блиско учество во разновидни разменувања за постигнување на заеднички цели, наведува KCNA.
Виетнам и Северна Кореја, исто така, потпишаа договори за соработка во различни области, вклучително и меѓу министерствата за одбрана, надворешни работи и здравство - соопшти KCNA без да наведе детали.