Канцеларијата на Народниот правобранител од 1 октомври отвори бесплатна телефонска линија на која граѓаните може да пријавуваат каква било повреда на нивните права односно изборни неправилности.
На телефонскиот број – 0800 54321, како што се наведува, граѓаните ќе може да пријавуваат и додека трае кампањата, која започна на 29 септември, и за време на деновите на гласање во првиот и вториот круг – 19 октомври и 2 ноември.
Од канцеларијата на Омбудсманот посочуваат дека по пријавите од граѓаните ќе се постапува веднаш. Поплаките што ќе пристигаат по завршување на работното време односно по 16 часот, ќе бидат снимени.
„Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните“, велат од Канцеларијата на Омбудсманот.
Видете и ова: Црната кампања нема да ги заобиколи и овие локални избориПријави граѓаните може да поднесуваат телефонски и во подрачните канцеларии во Струмица, Кичево, Тетово, Битола, Штип и Куманово.
Локалните избори на 19 октомври и 2 ноември во Северна Македонија ќе бидат осми по ред од осамостојувањето на државата во 1991.
За 80 општини плус Градот Скопје, има вкупно 309 кандидати од партии и независни листи.