Надлежните органи во Србија уапсија две лица под сомнение за сторено кривично дело организирање учество во војна или вооружен конфликт во странска земја, објави на 26 септември српското Министерство за внатрешни работи (МВР).
Во соопштението се тврди дека уапсените лица – Л.П. и С.С., се товарат за организирање борбено-тактичка обуки за државјани на Молдавија и Романија. Целта на обуката е, според сомнежите, да се обучат лица за поефикасно пружање физички отпор на молдавските полицајци во случај на немири за време на денот на изборите во Молдавија, закажани за 28 септември.
Српското МВР објави дека едно од лицата е осомничено за организирање и финансирање на обуките, која била спроведена во угостителски објект во близина на Лозница, додека другиот уапсен се сомничи дека помагал во сето тоа.
Наводно, обуките биле организирани помеѓу 16 јули и 12 септември за 150 до 170 државјани на Молдавија и Романија.
Видете и ова: ЕУ ги следи заканите за изборите во Молдавија поради наводен руски заговор со обука на провокатори во СрбијаОд полицијата посочија дека при претрес на станот на осомничените заплениле лаптопи, мобилни телефони, како и уред за откривање и следење на радиофреквенциски сигнали. Кај едно од лицата е пронајден и запленет пиштол.
Надлежните соопштија дека по покренување истрага за случајот, Министерството за правда на Република Србија ќе побара информации и докази од Република Молдавија преку инструментот за меѓународна правна помош.
На осомничените им е одреден притвор од 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат спроведени пред Вишото јавно обвинителство во Шабац.
На 22 септември, молдавските власти соопштија дека извршиле 250 рации и уапсиле десетици луѓе како дел од истрагата за наводен заговор за кој велат дека бил координиран од Руската Федерација преку криминални елементи. Молдавија посочи дека повеќето од осомничените биле обучувани во Србија.
На брифинг со медиумите во Кишињев, безбедносните претставници на молдавските служби рекоа дека руските разузнавачки оперативци обучувале молдавски граѓани во Србија за тактики на протести.
Виктор Фуртуна, шеф на канцеларијата на Обвинителството за организиран криминал на Молдавија, рече дека истрагата започнала во јуни.
Молдавските обвинители посочија дека откриле голем број луѓе, на возраст меѓу 19 и 45 години, кои патувале во Србија каде што биле обучени да пробиваат полициски кордони, да се спротивставуваат на спроведувањето на законот, да користат гумени палки, лисици и, во некои случаи, огнено оружје.
Се тврди дека организаторите планирале лицата кои ги поминале обуките да учествуваат во немири во Молдавија.
Видете и ова: Пред изборите во Молдавија, сиромаштијата ги поттикнува антизападните наративиОбуки се одржувале и во Молдавија, додека во Србија биле организирани од лица од Руската Федерација, според молдавските власти.
Властите во Молдавија ја обвинуваат Русија за водење хибридна војна, вклучувајќи мешање во изборите, кампањи за ширење дезинформации и нелегално финансирање на проруски партии, а се со цел земјата да се одврати од нејзиниот проевропски курс.
Молдавската претседателка Маја Санду изјави и дека Москва троши стотици милиони евра за да влијае на парламентарните избори на 28 септември.
Србија е кандидат за членство во Европската Унија од 2012 година, но во исто време одржува блиски политички и економски односи со Руската Федерација. Таа е една од ретките европски земји што не воведе санкции против Москва поради руската инвазија на Украина.
Претстојните парламентарни избори во Молдавија би можеле да бидат клучни за нејзиниот проевропски пат.
Кишињев тврди дека Москва се обидува да го спречи евентуалното членство на Молдавија во ЕУ преку кампањи за ширење дезинформации, организирање масовни немири и купување гласови.
Русија, пак, негира дека се меша во внатрешните работи на Молдавија.