Пред три децении САД и Република Северна Македонија формализираа партнерство засновано на доверба и заедничко почитување на демократските вредности. Оттогаш заедно му покажавме на светот што може да се постигне со волја, компромис и трпелива решителност. И покажавме како изгледа пријателството и соработката.
Преку напорна работа, соработка и заемно почитување, билатералните односи се проширија низ владините институции и приватниот сектор. Нашите војници се обучуваа заедно во Криволак и се бореа рамо до рамо во Ирак и Авганистан.
Американските академски програми и размените го зајакнуваат следното поколение претпримачи и граѓански лидери, додека американските инвестиции во Северна Македонија донесоа работни места, иновации и можности, изјајви американската амбасадорка Ангела Агелер на одбележувањето 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и САД, што се одржа во Клубот на пратеници во Скопје.
Агелер најави проширување на трговските врски, борба против корупцијата, модернизирана соработката во одбраната...
Видете и ова: Средба Мицкоски-Касаноф: Европската перспектива е клучен приоритетТридецениското партнерство меѓу Македонија и САД му помогна на македонскиот народ да стане посилен, послободен и поуспешен, истакна на свеченоста, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Од првите денови на независноста македонскиот народ чувствуваше дека САД стојат покрај него. Во клучни мигови таа поддршка беше одлучувачка. Особено ја паметиме одлуката од 2004 година за признавање на нашето уставно име. Чин што остави длабока трага во срцата на македонскиот народ и потврди дека нашата демократија и нашата независност се важни, истакна Муцунски.
На свеченоста присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници, градоначалници, претставници на Амбасадата на САД, на Армијата, бизнис заедницата, верските заедници,...