Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски смета дека интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ) останува врвен приоритет на надворешната политика и дека Владата остануваат на ставот дека тој процес мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми.
Овој став на Муцунски следува по изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од Софија, во која тој истакна дека е разумно на Северна Македонија да и се гарантира дека по уставните измени нема да има други барања на нејзиниот пат кон Европската Унија.
Видете и ова: Жељазков-Кошта: За да напредува кон ЕУ, Северна Македонија мора да ги исполни условите од 2022 година„ Македонија веќе покажа дека е кредибилен и доверлив партнер на Унијата – целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика, прва во регионот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со Европската Унија, и држава која активно придонесува кон мирот и стабилноста во регионот и пошироко“, рече Муцунски во изјава за ТВ Сител.
Инаку Кошта одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ги разбира позициите на Скопје и оти смета дека е разумно на Северна Македонија да ѝ се дадат гаранции дека нема да има нови барања на патот кон Европската Унија.
„Тие очекуваат дека пристапувањето сега може да се прецизира, но она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат. Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. И да се гарантира на Северна Македонија дека она што го очекуваме и сакаме во моментов не е само нешто што го сакаме сега и го очекуваме подоцна. Нема да сакаме ништо повеќе да се прави подоцна. Ова е разумно“, рече Кошта, претседател на Европскиот совет.
Бугарскиот премиер Росен Жељазков рече дека Софија досега повеќе пати ја потврдила својата позиција дека нема да поставува други барања за обврски што треба да ги исполни Северна Македонија.
Видете и ова: Сиљановска-Давкова: Нема потреба од нова декларација за „црвените линии“ на државата за евроинтеграциитеИнаку Уставниот суд на 13 август информираше дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.
Подносителка на иницијативата, поранешната пратеничка Поповска во иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е прекршен Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари, а одлуките на овој суд се конечни и не се коментираат.
На темата потсети дека нема потреба од нова декларација за „црвените линии“ на државата за евроинтеграциите, рече претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе поднесе декларација со „црвени линии“ која треба да помогне во поместувањето на преговарачките позиции на Северна Македонија на патот кон Европската унија.