Силниот ветер го прекина Охридскиот маратон

Силниот ветер, поројниот дожд и високите бранови беа причината поради која денешниот 38 ми пливачки маратон во Охрид беше прекинат. рката беше сопрена во близина на хотел „Гранит“, откако временските услови предизвикаа проблеми кај натпреварувачите.

Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на податоците ќе биде прогласен победникот. Согласно правилата, доколку временските услови не дозволуваат по поминати две третини од патеката, трката се прекинува, изјави судијата Марјан Бошалевски за новинската агенција МИА.

Видете и ова: Насилство на детските спортски натпревари- годинава 15 повредени

Поради најавените временски промени, стартот на трката беше преместен за два часа порано, со очкеување првите побединици да ја завршат трката околу 16 часот. Но поради силните ветрови, трката беше прекината во 14 часот и 30 минути.

На овогодишниот пливачки маратон учествуваа 16 пливачи од Македонија, Аргентина, Италија, Португалија, Србија и Полска. Стартуваа од Свети Наум, а целта беше на Охридското пристаниште по патека долга 25 километри.

Организатор на маратонот е плувачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.
Наградниот фонд, како што информира организаторот, изнесува 15.000 евра.

Официјалните резултати од маратон ќе бидат соопштени од одборот да маратонот, кои ќе ги разледаат резултатите до прекинот на трката.