Србија и Русија ја продолжуваат „блиската соработка“ во енергетскиот сектор, објави српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорот со генералниот директор на руската државна корпорација за атомска енергија Росатом, Алексеј Лихачев.
Вучиќ на својот Инстаграм профил на 13 февруари напиша дека разговарале за теми од стратешко значење, вклучувајќи ја и соработката во областа на енергетиката и безбедноста на нуклеарната енергија.
„Го потврдивме продолжувањето на блиската соработка меѓу Србија и Русија, особено во енергетскиот сектор, со взаемно разбирање за важноста на стратешките проекти кои придонесуваат за долгорочен развој и стабилност“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Србија, како што рече Вучиќ, е подготвена да ја зајакне соработката со Русија во областа на иновациите и новите технологии.
Нафтената индустрија на Србија, која дотогаш беше јавно претпријатие, во 2008 година без тендер и беше продадена на руската државна компанија Гаспром нефт за 400 милиони евра, како дел од аранжманот за нафта и гас меѓу Србија и Руската Федерација.
Видете и ова: Српската нафтена индустрија побара од САД да ги одложат санкциите за најмалку 90 денаНа почетокот на јуни 2023 година, Гаспром стана мнозински сопственик на српскиот гигант за петрохемиска индустрија во Панчево во процес што започна кон крајот на 2021 година.
Србија е речиси целосно зависна од рускиот гас и потпиша договор со Азербејџан дури на крајот на 2023 година за купување 400 милиони кубни метри природен гас годишно.
Западот бара Србија да ги диверзифицира своите енергетски резерви, особено по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, а Србија да им се придружи на западните земји во воведувањето санкции кон Москва поради нејзината инвазија на соседна земја.
Видете и ова: Вучиќ ќе разговара со САД и Русија за санкциите за нафтаИако руската инвазија на Украина влезе во третата година, Белград сè уште не се откажува од врските со Русија.
Официјално, Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но одбива да се приклучи на европските санкции против Москва, меѓу другото и поради нејзината голема зависност од руските енергетски извори.
Русија ја поддржува Србија во непризнавањето на независноста на Косово и кампањата што ја води против Резолуцијата на Обединетите Нации со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Белград не признава дека силите на босанските Срби извршиле геноцид врз бошњачките цивили за време на војната во Босна и Херцеговина во 1995 година и го нарекува убиството на повеќе од 8000 мажи и момчиња „ужасно злосторство“.