Учебната година почнува за околу 255 илјади основци и средношколци. За учениците од второ и од петто одделение има нови наставни програми според Концепцијата за основно образование, која од лани се спроведува етапно. На почетокот на новата учебна година, учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование се во фаза на одобрување. Во меѓувреме учениците ќе учат од, како што велат од Министерството за образование и наука, соодветни материјали. Наставата од новата учебна 2022/2023 година ќе се реализира во отворени училишта и без антиковид протоколи и обврска за носење заштитни маски.
Среќно ученици!

1
Добредојдовте првачиња - ОУ Кирил Пејчиновиќ, Кисела Вода, Скопје

2
Средба со родителите на првачињата во Штип

3
На почетокот на новата учебна година, учебниците за прво, вторo, четврто и петто одделение во основното образование се во фаза на одобрување

4
Прв училишен ден за „бумбарите“ од I-3 од Скопје