Воените водачи на Мјанмар ѝ го продолжија притворот на премиерката Аунг Сан Су Ќи, чиј притвор требаше да истече во понеделникот. Во меѓувреме протестите продолжуваат да ја тресат оваа југоисточна азиска земја по воениот удар на почетокот на овој месец.
Продолжуваат протестите против воениот удар во Бурма
1
Инженери држат постери со слика на соборениот лидер на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи додека одржуваат протестен марш против пучот во Мандалај, Мјанмар, 15 февруари 2021 година.
2
Војник гледа во транспарент прикачен на воено возило пред Централната банка на Мјанмар за време на протест против воениот удар, во Јангон, Мјанмар, 15 февруари 2021 година
3
Војник излегува од воено возило пред Централната банка на Мјанмар за време на протест против воениот удар, во Јангон, Мјанмар, 15 февруари 2021 година.
4
Војниците носат барикада пред Централната банка на Мјанмар за време на протест против воениот удар, во Јангон, Мјанмар, 15 февруари 2021 година.