Монументален ЕКСПО 2020 во Дубаи
Повеќе од 190 земји го прикажуваат својот развој на светската изложба ЕКСПО 2020, која поради коронавирусот не се одржа во минатата година во Обединетите Арапски Емирати. Темата на изложбата е: „Поврзување на умовите, создавање на иднината“.
1
Дрво кое свети го зазеде централното место за време на церемонијата на отворање на Експо 2020 во Дубаи на 30 септември. Изложбата беше одложена за една година поради пандемијата на коронавирусот и е најголемиот ваков настан во светот од почетокот на пандемијата.
2
Посетителите во традиционална облека одат кон Павилјонот за одржливост.
Повеќе од 190 земји учествуваат на изложбата, која ги прикажува културните и технолошките случувања на одделни земји под широките, донекаде нејасни, теми за „можност, мобилност и одржливост“.
3
Павилјонот во Иран, со стотици топки направени од иста материјал што се користел како градежен материјал во некои региони на оваа блискоисточна земја. Посетителите можат да пробаат ткаење теписи и да ги вкусат традиционалните билни чаеви.
4
Две големи кукли во ивискиот павилјон.