Најновите фотографии на новинските агенции во и околу Украина го доловуваат расположението на теренот додека продолжувaат тензиите меѓу Русија, Украина и Западот.
Молитви и оружје: Украина се подготвува, светот страхува

1
Свештениците во киевската катедрала на Воскресението Христово одржуваат богослужба на 26 јануари, откако папата Фрациск повика на „молитва за мир“ во услови на тековните тензии поради масивното воено натрупање на Русија околу границите на Украина.

2
Палета со воени материјали на аеродромот Бориспил во Киев на 25 јануари. Стотици тони муниција и оружје се пренесени во Украина од САД.

3
Фрегатата на руската морнарица „Адмирал Есен“ учествува во вежби на Црното Море во близина на руското копно на 26 јануари.

4
Украински војник носи огревно дрво на позицијата на фронтот во близина на селото Авдијивка на 25 јануари.