Кошмар: Родителите ги оплакуваат своите деца среде војната во Украина
Потресни фотографии доловуваат некои од безбројните трагедии од руската инвазија врз Украина, додека мајките и татковците тагуваат поради нивните убиени синови и ќерки.
1
Маж го држи за рака својот 13-годишен син веднаш откако момчето беше убиено во ракетен напад врз Салтивка, Харкив, на 20 јули. Областа на источниот украински град е силно бомбардиран од почетокот на руската инвазија и сега е главно напуштена.
Оваа фотографија може да биде вознемирувачка - Отвори
Маж го држи за рака својот 13-годишен син веднаш откако момчето беше убиено во ракетен напад врз Салтивка, Харкив, на 20 јули. Областа на источниот украински град е силно бомбардиран од почетокот на руската инвазија и сега е главно напуштена.
Маж го држи за рака својот 13-годишен син веднаш откако момчето беше убиено во ракетен напад врз Салтивка, Харкив, на 20 јули. Областа на источниот украински град е силно бомбардиран од почетокот на руската инвазија и сега е главно напуштена.

2
Татко се наведнува кон телото на својот син кој беше убиен во напад со касетна бомба во Лисичанск, источна Украина, на 18 јуни.

3
Таткото и синот на наредникот на руската армија Даниил Думенко, кој беше убиен за време на борбите во Украина, тагуваат на неговиот погреб во Волжски, во близина на Волгоград, Русија, на 26 мај.

4
Оксана Колесникова го прегрнува ковчегот на нејзиниот син, Анатолиј Колесников, во Ирпин, град во близина на Киев, на 15 април. Триесетгодишниот Анатолиј беше во територијалната одбрана и убиен за време на почетната фаза на инвазијата на Украина.