Стотици украински пожарникари десетина дена се бореа против пожарите во близина на нуклеарната централа Чернобил. Пожарите започнаа на 3 април во западниот дел на зоната. Областа беше испразнета во април 1986 година по нуклеарната катастрофа во Чернобил. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.
Како украинските пожарникари се бореа со пожарот околу Чернобил

1
Пожарите гореа недалеку од нуклеарната централа. Вршителот на должноста директор на државната инспекција за екологија на Украина Ехор Фирсов на 14 април изјави дека пожарникарите успеале конечно да го изгаснат пожарот.

2
Пожар пред селото Рахивка на 5 април

3
Украински пожарникари во близина на селото Рахивка на 10 април

4
Шумскиот пожар околу нуклеарната централа Чернобил на 12 април. Украинската полиција соопшти дека уапсила две лица осомничени за подметнување на пожарот.