Урбанизација на Скопје во последните 20 години - Многу згради, тесни улици, малку паркинзи и зеленило
Главниот град Скопје во изминативе две децении доживеа забрзана урбанизација. Никнаа стотици згради во населбите каде доминираа куќи и бараки, врз паркови и игралишта. Последиците се згуснат сообраќај, недостиг на паркинзи, помалку пешачки патеки и зеленило, а повеќе загадување. Архитетките велат дека со сегашната густина и височина на изграденост, нарушена е безбедноста во градот, меѓу другото, и од аспект на пристапност на интервентни возила како пожарна и брза помош.
Порано

Сега

5
На потегот од трговскиот центар Рамстор до новиот „Дајмонд Мол“ во Општина Центар беа изградени високи објекти. Забрзано никнаа надземните комерцијални објекти, а се заборави на подземната сообраќајница која беше примарна. Граѓанските здруженија реагираа дека на овој потег се градело и покрај мораториумот за градење во општината и дека новите објекти ја засенија старата Железничка станица. Инаку, според пописите на населението, бројот на станови е зголемен, но бројот на жители се намалил од 45.412 во 2022 година, на 43.893 во 2023 година.
Порано

Сега

6
Во скопската населба Тафталиџе доминираа куќи и бараки со широки дворови. Но, и оваа населба доживеа трансформација со високи згради. Граѓани реагираат и на намерите допрва да се градат нови висококатници. Општина Карпош во 2022 година броела население од 59.666 жители, додека во 2023 година бројката се зголемила на 63.760, според статистичките податоци.