Украинските бегалци станаа бездомници откако Унгарија им ја ограничи поддршката
Најмалку 120 украински граѓани, главно од Закарпатскиот регион, сега се бездомници, а илјадници други се соочуваат со иселување, бидејќи Унгарија спроведува декрет со кој се ограничува државно субвенционираното сместување на оние директно погодени од војната во Украина.

1
Децата се собираат едни до други за да се загреат додека се обидуваат да заспијат на тротоар со своите работи во унгарскиот град Коч, околу 70 километри западно од Будимпешта, на 22 август. Тие беа исфрлени од приватно засолниште откако унгарската владина директива го ограничи бесплатното засолниште за бегалците од регионите на Украина погодени од конфликт.

2
Бегалците, под надзор на цивилната стража, поставија камп во близина на автобуска станица, откако беа протерани од нивното привремено сместување.

3
Донираните душеци се пренесуваат додека семејствата со мали деца се подготвуваат да преноќат на автобуската станица.

4
Во текот на ноќта, полицијата ја надгледуваше областа за да се осигура дека децата не талкаат по сообраќајниците.