Русите започнаа да гласаат на националниот референдум на 25 јуни за уставните реформи кои би можеле да му го отворат патот на Путин да остане претседател на земјата до 2036 година. Од паркинзи и игралишта до железнички станици и аеродроми, руските власти отворија избирачки места во некои необични места за да ја зголемат излезноста на контроверзното гласање.
Игралишта, аеродроми, автомобили: во Русија се гласа насекаде
Од паркинзи и игралишта до железнички станици и аеродроми, руските власти отворија избирачки места на некои необични места за да ја зголемат излезноста на контроверзниот референдум што може да му овозможи на претседателот Владимир Путин да добие уште два мандата на таа функција.

1
Детско игралиште како избирачко место во градот Пушкин на 25 јуни. Изборните службеници користеа мегафон за да ги повикаат жителите да дојдат и да гласаат.

2
Дете покрај избирачкото место отворено во Санкт Петербург. Гласањето започна на 25 јуни и е предвидено да трае до 1 јули.

3
Маж гласа на избирачкото место на Меѓународниот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург на 25 јуни. Властите отворија многу избирачки места за да се обегнат гужви поради пандемијата на коронавирус.

4
Гласач во Санкт Петербург со своето куче на гласачко место на отворено.