Русија ја обвини Украина за напад со дронови врз Москва
Руското министерство за одбрана ја обвини Украина дека со дронови извршила напади врз Москва. Градоначалникот на Москва изјави дека две згради биле погодени рано изутрината на 24- јули.

1
Безбедносните служби истражуваат во погодениот објект, оштетен од, како што се тврди, напад со дронови.
Русија тврди дека неутрализирала два украински дрона над Москва, а еден се урнал блиску до Министерството за одбрана во центарот на градот. Нема извештаи за повредени.
Русија тврди дека неутрализирала два украински дрона над Москва, а еден се урнал блиску до Министерството за одбрана во центарот на градот. Нема извештаи за повредени.

2
Припадници на безбедносните служби на местото каде што паднал дронот.
Режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад на територијата на Москва, но беше спречен, се вели во соопштението од руското министерство за одбрана.
Режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад на територијата на Москва, но беше спречен, се вели во соопштението од руското министерство за одбрана.

3
Оштетена зграда во Москва.

4
До нападот доаѓа откако Киев најави дека ќе одговори на рускиот ракетен напад врз Одеса.