Обилни дождови во текот на ноќта и утрото на 5 ноември ја погодија Босна и Херцеговина. Поплавени се згради и семејни куќи во некои населени места во Сараево, а во тек е евакуација на луѓето од тој дел. Поради големото количество вода во градот затворени се дел од патиштата. Невремето го зафати и поширокото подрачје на Мостар. Според извештајот на Цивилната заштита на Херцеговско-неретванскиот кантон, обилните дождови предизвикале поплави, лизгање на земјиштето и прекин на електричната енергија. Оперативниот центар за цивилна заштита и противпожарна заштита на ХНК во петокот наутро соопшти дека водостојот на реката Неретва на мерната станица Главатичево ноќта меѓу четвртокот и петокот во 01:30 часот изнесувал 514 см, што е највисок водостој во досегашните мерења.
Населби под вода во Сараево, нивото на реките се зголемува

1
Обилни врнежи проследени со силен дожд во текот на ноќта и утрото на 5 ноември ја погодија Босна и Херцеговина. Населба Отес, Сараево, 5 ноември 2021 година.

2
Сифет Ченгиќ од Кантоналната управа за цивилна заштита на кантонот Сараево за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека ситуацијата не е добра во Илиџа, Нови Град, Сараево и Трново, а најкритична е во Отес (на фотографијата, 5 ноември 2021 година).

3
Населба Отес, Сараево, 5 ноември 2021 година.

4
Војковиќи, Источна Илиџа