Напаѓачот со нож, извикувајќи ‘Алаху Акбар’ (Бог е голем), обезглави една жена и уби уште две лица во нападот во црква во францускиот град Ница, соопшти локалната полиција и официјални лица. Градоначалникот Кристијан Естроси на Твитер изјави дека нападот во Ница се случил во или во близина на градската црква Нотр Дам и дека полицијата го уапсила напаѓачот, пренесува Ројтерс. Тој исто така рече дека нападот има елементи на тероризам.
Ница по нападот во црквата Нотр Дам

1
Францускиот претседател Емануел Макрон и градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси го посетија местото на нападот во црквата Нотр Дам во Ница, Франција, 29 октомври 2020 година.

2
Францускиот претседател Емануел Макрон го посети местото на нападот со нож во црквата Нотр Дам во Ница.

3
Полиција и војници на местото на нападот во Ница

4
Форензичари пред црквата Нотр Дам