Во главниот град на Татарстан, Казан, непознати мажи влегле во училиштето со оружје и отвориле оган.
Седум ученици и еден наставник беа убиени.
Претседателот на Татарстан Рустам Миниханов рече дека 16 лица - 12 деца и четири возрасни лица се хоспитализирани по пукањето во 175-та гимназија, јавува татарската служба на Радио Слободна Европа (РСЕ).
Децата скокале од прозорците за време на нападот.
Родителите рекоа дека двајца мажи со автоматско оружје влегле во гимназијата. Потоа се слушнала експлозија.
Напад врз училиште во Татарстан

1
Полициски автомобили и амбуланти пред училиштето.

2
Претставници на Федералната служба за безбедност (ФСБ) и специјалните служби влегуваат во 175-та гимназија.

3
Децата скокале од прозорците за време на нападот.

4
Рафис Хабибулин (втор од лево), раководител на филијалата на Татарстан на руското Министерство за вонредни ситуации и Рустам Миниханов (центар), претседател на Република Татарстан, го посетуваат училиштето по трагичниот напад.