Достапни линкови

И војнички марш и протести на воената парада во Белград

Во српскиот главен град Белград денеска (20 септември) се одржува воена парада под слоганот „Моќта на единството“. Во исто време, група граѓани, на повик на студентите кои учествуваат во блокадите, дојдоа на мирен собир „во поддршка на армијата“, но беа потиснати од специјалните полициски сили.

На парадата има над 10.000 учесници, заедно со над 2.500 парчиња оружје и воена опрема.

Настанот се одржува во време на масовни антивладини протести во Србија, кои беа предизвикани пред десет месеци, кога загинаа 16 лица во несреќа на железничката станица во Нови Сад.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG