Во Скопје денеска на Меѓународниот ден на жените – 8 Март, се одржа протестен марш за женски права. Маршот почна во 17 часот од Плоштадот „Скендербег“ под слоганот „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“. Маршот заврши во Паркот „Жена Борец“, со обраќања до јавноста и институциите.
Од Платформата за родова еднаквост информираат дека осма година по ред маршираат за да потсетат дека женските права се важни, секој ден, во секој сегмент од живеењето.
Протестен марш во Скопје: За женски права не се преговара!

5
Во период кога се водат интензивни политички, економски и социјални преговори, потсетуваме дека правата на жените не се за преговарање, потенцираа учесниците во маршот.

6
Повлекуваме црвени линии за нашите здравствени, образовни, работнички, културни, политички и економски права! Затоа што сите ние мора да имаме загарантирани еднакви права и можности, им порачаа учесниците во маршот на институциите и на политичарите.

7
“Дали е среќен 8 Март”, “Не преговарам за моите права”, “Платен домашен труд”, беа само дел од написите на транспарентите на учесниците.

8
Правата на жените Ромки се меѓу „најкршените во државата“, велат учесниците во протестниот марш и додаваат дека на тоа поле треба многу работа.