Тимови за пребарување и спасување од светот се испратени во Турција и Сирија да помогнат во напорите за справување со последиците од разорниот земјотрес на 6 февруари.
Меѓународни спасувачки тимови заминуваат за Турција и Сирија по разорниот земјотрес

9
Спасувачки персонал заминува од Азербејџан на 7 февруари. Баку испрати „стотици“ специјалисти за пребарување и спасување, заедно со опрема, во Турција.

10
Авион C-130 на грчките воздухопловни сили со членови на единицата за одговор при катастрофи заминува за Турција од воениот аеродром во Елефсина, Грција. Авионот превезувал 21 пожарникар, две кучиња и тешка опрема за спасување.

11
Членови на противпожарната служба на округот Лос Анџелес се подготвуваат за распоредување во Турција. Речиси 100 пожарникари и градежни инженери од Лос Анџелес, заедно со шест кучиња спасувачи, се испратени во Турција.

12
Дел од 68-члениот тим за урбано пребарување и спасување на Чешка се подготвува да полета од аеродромот во Острава на 6 февруари.