Синоќа беше пуштен во употреба Пељешкиот мост долг 2,4 километри, кој ги поврзува полуостровот Пељешац и јужниот дел на Хрватска со остатокот од земјата, заобиколувајќи ја Босна и Херцеговина.
Во Хрватска свечено отворен Пељешкиот мост

9
Властите на БиХ се спротивставија на изградбата на мостот, бидејќи се наоѓа веднаш до територијалните води на таа земја, на само неколку километри од Неум.

10
На граничниот премин кај Неум сега би можело да има помал сообраќаен метеж, вообичаен за време на туристичката сезона.

11
Економските ефекти од изградбата на мостот Пељешац се во подобрата поврзаност на јужна Далмација со матичната земја, побрзиот проток на луѓе и стоки, ревитализација на животот на полуостровот Пељешац и дополнителна ревитализација на Корчула (Корчула на фотографијата).