Настаните на денот низ фотографии - 25 јули 2022
Ракети и реклами

1
ИРАН - Иран соопшти дека камерите на Обединетите нации за набљудување на нуклеарноите постројки на таа земја нема да бидат вклучени повторно додека не се постигне договор за обновување на нуклеарниот договор од 2015 година со глобалните сили.

2
ИРАН - Иранското Министерство за давање насоки им посочи на рекламните агенции дека според владините заострувања на таканаречениот закон „Хиџаб и чедност“ , на жените сега им е забрането да се појавуваат во реклами.

3
АЛБАНИЈА - Време е да се фокусираме на резултати, опипливи и видливи кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните што значи дека се автентични и органски. Денеска тука сме три земји со отворени претпристапни преговори со Европската Унија и сите знаеме колку Отворен Балкан има потенцијал да ги акцелерила реформите потребни за влез во ЕУ. Ова го изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Тирана, на отворањето на пленарната седница на меѓувладините работни групи кои денеска и утре разговараат за имплементацијата на договори во рамките на Отворен Балкан.

4
САД / УКРАИНА - Американскиот конгресмен Адам Смит, претседател на Комитетот за вооружените сили, вели дека Вашингтон се надева дека значително ќе се зголеми количеството на оружје со долг дострел што го има Украина за да ја победи Русија и да го спречи бруталниот, неиспровоциран напад на претседателот Владимир Путин врз земјата.