Опасни игри: Децата во Украина во војна
Фотографиите направени во време на руската инвазија на Украина доловуваат момчиња кои имитираат возрасни борци со лажно оружје, контролни пунктови и артилерија.

5
Момче со пушка играчка стои до украински борци во центарот на Киев на 22 јуни.

6
Две момчиња кои се преправаат дека се борци за територијална одбрана патролираат во селото Стојанка на 19 мај. Селото е западно од Киев и беше на првата линија на рускиот обид да го заземе главниот град на Украина.

7
Максим и Андриј играат со „хаубица“ на автопат во регионот Харков на 20 јули.

8
Седумгодишниот Јехор држи рачно изработена играчка пушка опремена со „нишан“ направена од пластично капаче од шише во близина на Чернихив на 17 април. Во позадина се урнатините од уништени руски воени возила.