Русија продолжува со воениот напад во источна Украина, додека контраофанзивата во регионот Харков резултираше со ослободување на неколку градови. Во руски воздушен напад врз училиште во источниот регион Луганск веројатно загинале 60 луѓе. Првата дама на САД Џил Бајден се сретна со нејзината украинска колешка Олена Зеленска за време на ненадејната посета на Денот на мајката во Ужхород. Ирската рок ѕвезда Боно одржа концерт во метрото во Киев пред мала толпа присутни. Десетици цивили беа евакуирани од фабриката за челик Азовстал додека последните украински бранители во Мариупол ветија дека ќе се борат до крај. Еве некои фотографии од изминативе неколку дена.
Од рок ѕвезди до првата дама на САД во посета на Украина

5
Последиците од руското гранатирање во станбена област во Ирпин на 7 мај, додека канадскиот премиер Џастин Трудо допатува во ненајавена посета на предградието на Киев за да го види уништувањето предизвикано од руската инвазија. Трудо најави дека Канада испраќа дополнително оружје и помош.

6
Дете и семејството пристигнуваат во установа за регистрација и обработка на внатрешно раселените лица во Запорожје на 8 мај. Според извештајот на Меѓународната организација за миграција објавен на 21 април, секој шести Украинец или 17 насто од населението е внатрешно раселено.

7
Првата дама на САД Џил Бајден во прегратка со нејзината украинска колешка, Олена Зеленска, (десно) за време на ненадејната посета на училиште во Ужгород на 8 мај. Училиштето во моментов се користи како привремено засолниште за раселените лица. „Сакав да дојдам на Денот на мајката“, ѝ рече Бајден на Зеленска. „Мислев дека е важно да му покажам на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане и дека оваа војна е брутална и дека народот на Соединетите држави стојат со народот на Украина. Зеленска посетата на првата дама ја нарече „чин на храброст“.

8
Украина соопшти дека 60 цивили биле убиени на 7 мај откако училиште во Билохоривка каде што биле засолнети било погодено од руски проектили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди силното руско гранатирање на истокот на земјата, велејќи дека Русија „заборавила на сè што е важно за победниците во Втората светска војна“, еден ден пред Москва да ја одбележи улогата на Советскиот Сојуз во поразот на нацистичка Германија.