Војната носи не само смрт, туку и уништување на историски градби, споменици, библиотеки, цркви, па дури и уникатни форми на транспорт идентификувани со некоја земја или регион.
Украинското Министерство за култура и информативна политика ја обвинува Русија дека извршила воени злосторства со уништување или оштетување на 242 места и објекти на културно наследство. УНЕСКО ја потврди штетата на 110 локации од почетокот на инвазијата на Русија на 24 февруари. Тоа вклучува 48 верски објекти, 10 музеи, 22 историски згради, 11 згради посветени на културни активности, 13 споменици и шест библиотеки. Како што војната се одолговлекува, постои загриженост дека повеќе локации ќе бидат додадени на списокот.
Руското уништување на националното и културното наследство на Украина

9
Железничката станица Тростјанец-Смородине, изградена помеѓу 1871 и 1877 година, претрпе голема штета. Според Франс 24, руската војска имала свој штаб во железничката станица, а битката за нивно протерување од таму предизвикала големо уништување.

10
Оштетената од војната Палатата на културата во опустошениот јужен пристанишен град Мариупол. Украинското Министерство за култура и информативна политика бара од граѓаните да достават фотографски докази за воена штета што може да се користат како доказ за кривична постапка против Русија.

11
Руски напад оштети споменик на местото на меморијалниот комплекс на холокаустот Дробицки Јар на периферијата на Харков. Местото е споменик на масовното убивање на Евреите од страна на нацистите за време на Втората светска војна.

12
Урнатини од јавна библиотека оштетена од руските сили за време на нивното гранатирање на Чернихив.