Во услови кога ниските температури ја стврднуваат земјата средината на зимата се смета за оптимално време за воена акција - страв што го споделуваат украинските војници и цивилите во близина на првите линии на фронтот на исток, додека Русија собра повеќе од 100.000 војници околу нејзините граници. Украинските војници во рововите во регионите Луганск и Доњецк, заедно со жителите во околните области, трпат студени зимски услови, несигурни што ќе следува во деновите и неделите што доаѓаат.
На првите линии: украински војници и цивили чекаат можна војна со Русија

5
Украински војник ја следи ситуацијата на 29 јануари од ров со помош на перископ во близина на градот Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите поддржани од Кремљ.

6
Војник поправа ров во близина на Доњецк.

7

8
Украински војник подготвува огревно дрво на линијата на фронтот кај селото Писки во регионот Доњецк на 29 јануари.