Од ефектите на пандемијата на коронавирус до последиците од вооружените судири, еве некои од највпечатливите слики на годината направени од фотографите на РСЕ.
Најдоброто од фотографите на РСЕ во 2021

5
Полицијата апси маж за време на маршот за ослободување на затворениот опозициски лидер Алексеј Навални во Казан, Русија, на 31 јануари.

6
Човек пали свеќа за време на денот на сеќавање на жртвите на комунизмот во Бугарија, Софија, на 1 февруари.

7
Белоруските новинарки Катсијарина Андрејева (десно) и Дарја Чулцова на судење во Минск, Белорусија, на 9 февруари. Тие беа осудени на две години затвор за „организирање јавни настани насочени кон нарушување на граѓанскиот ред“. Казната нашироко се смета за политички мотивиран одговор на нивното известување за антирежимските протести во Белорусија.

8
Еден човек пали свеќа во Киев, Украина, на 18 февруари, на споменикот во чест на „Небесната стотка“, 104-те луѓе убиени од безбедносните сили за време на антивладините протести во 2014 година.