Денеска втор круг од локалните избори се одржува во 44 општини, а во прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари.
Локални избори, втор круг: Изборно претпладне низ фотографии

5
Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 9 часот изнесува 5,25%, односно гласале 56.700 гласачи.

6
За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи. Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1251.

7
По првиот изборен круг кој се одржа на 17 октомври во прелиминарниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР меѓународната организација наведе дека изборниот ден поминал мирно, а изборите биле конкурентни.

8
Денешното гласање е второ на кое ќе се применат терминали за биометриска идентификација на гласачите. Првпат апартчињата беа применети во првиот круг од изборите што предизвика поголеми задржувања на избирачките места во услови на пандемија со ковид-19.