Московскиот саем со сјајни опции за погреб доби мрачно значење бидејќи стотици Руси умираат секој ден од ковид-19.
Саем на смртта во Русија

5
Модна ревија на „фустани за погреб“.
Оксана Жаворонко, проект-менаџер за руската изложба NECROPOLIS, за РСЕ изјави дека пандемијата на коронавирусот резултирала со пораст на интересот за индустријата за погреби. „Повеќе луѓе почнаа да ја ценат нашата професија“, вели таа.

6
Учесниците на настанот, кој се одржува во московскиот Експоцентар, организираат изложба на ковчези.
Изложбата е заеднички проект на рускиот NECROPOL и италијанскиот TANEXPO. Годишните настани се најголеми од ваков вид и ги прикажуваат најновите трендови на европските и руските погреби.

7
Човек облечен како ковчег
Русија - како и многу други земји - забележа нагло зголемување на стапката на смртност во 2020 година, бидејќи пандемијата на коронавирус го зеде својот мрачен данок. Се чини дека тој тренд ќе продолжи. На 27 октомври, земјата објави рекордни 1,123 смртни случаи од ковид-19.

8
Посетители ја прегледуваат поставата на ковчегот за време на необичниот саем.
Жаворонко вели дека околу 1.000 луѓе ја посетиле изложбата на 26 октомври. Оние кои ја посетиле биле претежно професионалци во индустријата за погреби, иако „некои уметници и други луѓе дојдоа да ја видат модната ревија на фустани“.