Повеќе од 190 земји го прикажуваат својот развој на светската изложба ЕКСПО 2020, која поради коронавирусот не се одржа во минатата година во Обединетите Арапски Емирати. Темата на изложбата е: „Поврзување на умовите, создавање на иднината“.
Монументален ЕКСПО 2020 во Дубаи
13
Вештачко езеро поставено за промоцијата на Експо. Обединетите Арапски Емирати потрошија околу 7 милијарди долари за настанот, а очекуваат околу 25 милиони луѓе да го посетат пред да се затвори во март 2022 година.
14
Иако е наведен како учесник на Експо, авганистанскиот павилјон стои празен и нецелосен. Не е јасно дали новите талибански владетели во земјата ќе испратат делегација во Дубаи.
15
Реплика на користена ракета SpaceX Falcon 9 е белег на американскиот павилјон. На американската изложба ќе има и копија од Куранот што некогаш му припаѓаше на поранешниот претседател Томас Џеферсон.
16
Павилјоните на Пакистан (лево) и на Бахреин. Околу 8.000 луѓе ја посетија изложбата на Пакистан на првиот ден од Експо.